Дански Колдинг со максимален учинок во ракометната Лига на шампиони
Во рамките на третото коло од ракометната Лига на шампиони синоќа се одиграа четири натпревари. Дански Колдинг е првиот тим што има три победи и максимален учинок по трите кола откако победи на гостувањето кај Алингсас.
Македонските екипи ќе имаат тешки натпревари викендов. Металург гостува во Загреб кај ППД Загреб, додека Вардар во „натпреварот на колото“ го пречекува германскиот тим Рајн Некар Ловен.
Резултати и табели:
А група: Мешков Брест – Кил 24:25. ППД Загреб – Металург, ПСЖ – Ла Риоха.
Табела: Кил 4, ПСЖ 4, ППД Загреб 2, Ла Риоха 2, Мешков Брест 2, Металург 0.
Б група: Флензбург – Висла 35:28, Алингсас – Колдинг 19:23. Барселона – Бешикташ.
Табела: Колдинг 6, Колдинг 4, Барселона 4, Висла 2, Бешикташ 0, Алингсас 0.
Ц група: Чеховски медведи – Цеље 30:35. Вардар – Рајн Некар Ловен и Веспрем – Монпеље.
Табела: Веспрем 4, Вардар 4, Цеље 2, Рајн Некар Ловен 2, Монпеље 2, Чеховски Медведи 0.
Д група: Кадетен Шафхаузен – Данкерк 25:23, Алборг – ПИК Сегед и Киелце – Мотор Запорожје.
Табела: Киелце 4, Кадетен Шафхаузен 3, Алборг 3, Данкерк 2, ПИК Сегед 2, Мотор Запорожје 0.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа