РАСПАД: Тито Петковски му го сврте грбот на Заев?
Несогласувањата и раздорот меѓу партиите од опозициската коалиција секојдневно излегуваат на виделина.
Во општина Центар, судирот меѓу мнозинството е се поочигледен. Откако стана јасно дека советниците од СДСМ се почесто ќе контрираат на ставовите на градоначалникот Жерновски, се уште лидер на ЛДП, во “битката“ се вклучи и НСДП.
Имено, трета седница по ред, едно столче во редовите од опозициската коалиција останува празно.
Марија Бошковска Јанковиќ од партијата на Тито Петковски, не учествува во работата на Советот и воопшто не застанува од страна на колегите советници.
Претседавачот Шиповиќ го најави нејзиното отсуство образложувајќи дека таа малку ќе задоцни. Вчера се случи истото, но оваа советничка за време на паузата само скришум влезе да се потпише за да може да земе дневница, но ниту седна ниту остана во салата.
Кризата во владејачката коалиција во Центар се повеќе се продлабочува. Раздорот меѓу СДСМ, ЛДП и НСДП е присутен и надвор од општинските бараки.
Имено, градоначалникот Жерновски денес постави камен темелник за нова градинка во Центар, но на настанот не се појавија ниту Мирослав Шиповиќ (СДСМ), ниту Марија Бошковска Јанковиќ (НСДП).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа