„Летаат" казни - казнети 72 пешаци за едно деноноќие
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои една е со последица материјална штета и девет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, шест сопатници, тројца пешаци и еден мотоциклист.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 72 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 18 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 28 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на своето возило.
Денеска во времето од 10 до 13 часот поради изведување на градежни работи на ул. „Киро Глигоров“ ќе има времено изменет режим на сообраќај при што сообраќајот ќе биде пренасочен од крстосницата со ул. „Перо Наков“ па се до крстосницата со ул. „808“. Сообраќајната полиција апелира до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите да ја почитуваат времено поставената сигнализација и да бидат внимателни заради себе и заради другите учесници во сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа