Организирани средби на граѓаните со градоначалникот на општина Илинден

 

Градоначаликот на општина Илинден Жика Стојановски, заедно со советниците од Советот на општината, директорите на јавните претпријатија и јавните општински образовни институции и раководителите на одделенијата во општинската администрација, остварија средба и непосредна комуникација со граѓаните на населените места Илинден, Марино и Кадино.

На средбата, граѓаните директно ги посочија проблемите во своите населени места, изнесуваа свои мислења, сопствени идеи и проекти, како и нови иницијативи за подобрување на квалитетот на живеење во општина Илинден.

Во наредниот период до крајот на месецот октомври вакви средби ќе се одржат и во останатите населени места Мралино, Ајватовци, Бунарџик, Миладиновци, Текија, Дељадровци, Мршевци, Бујковци и Бучинци.

06.10.2014 - 15:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега