Да бидеме хумани - да донираме за децата од Домот „11 Октомври”

 

Со наближувањето на патрониот празник на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври”, преку донаторската кампања која се уште трае, сите правни и физички лица имаат можност да донираат средства за изградба на ботаничка градина во склоп на Домот.

По тој повод, ова е можност да се обединиме сите заедно и преку добротворно собирање средства да помогнеме и да го подобриме детскиот живот и секојдневие на децата на кои им треба нашата поддршка и помош.

Сите заинтересирани приватни и правни лица доброволно можат да донираат на жиро-сметкататрезор 1000000000 630 95 НБРМ, како и на жиро-сметката – донаторскибуџетскикорисник 1500102593 785 11, приходноконто 725939.

На денот на патрониот празник, децата од домот организираат „grill” забава која ќе се оддржи на локацијата во дворот предвидена за изградба на ботаничката градина. Со оваа акција секоја личност која донира го поддржува креирањето на здрав живот за децата од домот „11 октомври”, како и охрабрувањето на децата доброволно да се грижат за градината и да се едуцираат за здравиот начин на живот.

Донаторската акција и кампања е поддржана од Министерството за труд и социјална политика, МПМ Македонија и Идеа Лаб.

06.10.2014 - 13:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега