Викендов 42 сообраќајки - што се случувало на скопските улици?
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 42 сообраќајни незгоди.
Во петокот, извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, двајца пешаци, двајца велосипедисти, еден мотоциклист и еден патник во автобус.
Во саботата извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум возачи на патничко моторно возило и еден возач на мопед.
Вчера извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, осум сопатници и еден пешак.
Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 41 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 21 возач коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 13 возачи кои извршиле непрописно престигнување.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи работилница во основното училиште „Александар Македонски“ кое се наоѓа на територијата на општина Аеродром, со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа