Шокантно: Капитенот на Атлетико Мадрид местел натпревари

 

Фудбалерот Габи Фернандес утринава призал дека местел натпревари додека настапувал за Реал Сарагоса.

Капитенот на Атлетико Мадрид вчера не настапи против Јувентус во рамките на второто коло од Лигата на шампиони бидејќи е под истрага за наместени натпревари. Тој утрово се појави на сослушување пред јавниот обвинител за корупција и организиран криминал во Мадрид.

-Го сторив она што клубот го бараше од мене, кусо признал Габи дека бил директен учесник во наместениот меч помеѓу Реал Сарагоса и Леванте во 2011-та година на кој тој постигна два гола во победата од 2:1.

Тој е меѓу неколку фудбалери кои се под истрага за наместени натпревари во Шпанија, а сигурно е дека по завршувањето на целата истрага ќе следува долга суспензија за него.

 

02.10.2014 - 13:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега