Се смируваат тензиите во Металург

 

Раководството на Металург ветило решавање на сите обврски кон ракометарите на македонскиот шампион до крајот на неделата.

Некои играчи повеќе од два месеци немаа земено плата, атмосферата била нарушена, а дека нешто не е во ред кажуваа и изјавите на Наумче Мојсоски и Дарко Станиќ дадени по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Сепак, најновите информации од таборот на тимот од Автокаманда велат дека односите биле „испеглани“, а раководството до крајот на неделава ќе ги заврши сите обврски кон ракометарите.

Во сабота Металург му гостува на Мешков Брест во рамките од 2.коло од Лигата на шампионите, па се чини дека до овој меч сите недоразбирања ќе бидат решени. Секако ова се одлични вести и за ракометарите, но и за сите навивачи на оваа екипа и воопшто љубителите на ракометот во Македонија, кои и оваа година очекуваат одлични партии на македонскиот ракометен шампион.

01.10.2014 - 16:29

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега