Мојсоски: Вака веќе не оди - нешто мора да се менува во Металург

 

Капитенот на Металург, Наумче Мојсоски по вчерашниот пораз од ПСЖ јавно призна дека работите во клубот не се како што треба

-Натпревар како натпревар, тежок, знаевме што не чека, ПСЖ беше поспремен од нас, знаеја по што се дојдени. Го дадовме и ние максимумот, но некои работи се уште не се рачистени во клубот, треба да видиме што како, вака не оди, мора нешто да се менува, ќе видиме од утре натака. Јас мислам дека бев подготвен за овој натпревар, но последна е одлуката на Лино. Истиот ПСЖ лани го добивме, но како што кажав сега нешто не оди, мора нешто да се менува, па ќе видиме што ќе биде, здравје боже. Кога зборам за оние работи кои што не одат, прво говорам за оние организациски внатре во клубот а потоа и на теренот. Деновиве треба да се знае нешто поконкретно, утре или задутре треба да има состанок па ќе видиме на што сме. Што се однесува до следниот натпревар, познат противник, но да напомнам дека ние не сме екипа составена од звезди која секој може да победи. Ако сакаме да дојдеме до победа која во ЛШ се извојува единствено со голема желба и со срце треба да дадеме 200 посто. Останува сега да сумираме, што може да се поправи- вели Мојсовски за ЕКИПА по синоќешниот дуел во „Борис Трајковски“.

29.09.2014 - 23:47

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега