Вардар против Загреб во дуел на досегашните освојувачи на СЕХА лигата

 

Ова воедно е дуел на двете екипи кои имаат победено во ова натпреварување (Вардар две титули, Загреб една).

И двата тима во натпреварот ќе влезат со големи победи во првото коло од Лигата на шампионите. Вардар победи на „жешкиот терен“ во Целје, а Загреб дома славеше над германскиот Кил. Посебен белег на натпреварот ќе биде и тоа што на клупата на ППД Загреб, ќе седи поранешниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ.

- Добро е што победивме на стартот од Лигата на шампионите, а победата ја заслуживме пред се со борбеноста. Со Загреб имаме добар биланс. Ако ја повториме борбеноста и со помош на публиката мислам дека победата нема да изостане, истакна на денешната прес конференција играчот на Вардар, Игор Карачиќ.

Тренерот Раул Гонзалез задоволен од успехот во Лигата на шампионите напомена за важноста на мечот.

- Ова е важен дуел како и сите против екипата на Загреб. Со победа треба да се потврди триумфот во саботата. Ако ги освоиме трите бода ќе ги зголемиме шансите за пласман на завршниот турнир. Ова е еден од натпреварите како дуелите со Металург. Со кој состав ќе настапиме утре се уште не можам да кажам, бидејќи по враќањето од Словенија не ја знам здравствената состојба на играчите. Се ќе биде познато на вечерашниот тренинг, рече Гонзалес.

Средбата Вардар - ППД Загреб се игра утре во СРЦ „Кале“ со почеток во 20:15 часот. И двете екипи во досегашниот дел од шампионатот во СЕХА лигата имаат по еден пораз, Вардар од пет натпревари, ППД Загреб од четири.

29.09.2014 - 13:30

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега