Беличанец- Алексиќ ќе излезе во пресрет на сите добри идеи од граѓаните
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец- Алексиќ, оствари средби со граѓаните. Преку директен раговор со жителите на општината беше зборувано за проблемите со кои се соочуваат во своето секојдневие, потребите кои ги имаат, но и различните идеи, предлози и сугестии од кои би можеле да произлезат идните приоритети на локалната самоуправа.
Во разговорот со граѓаните, градоначалникот Беличанец-Алексиќ ја искажа својата подготвеност да им се излезе во пресрет на сите добри идеи, секако, согласно реалните можности на општината со кои би се подобрил квалитетот на живеењето на граѓаните и би се обезбедил локален економски развој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа