ФОТО: Мапа која ќе ви помогне ако сакате да се журкате на „Вино Скоп"
Вечерва во 22 часот, на плоштадот „Карпошово востание“, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, ќе го прогласи за отворен осмиот по ред фестивал на виното „Вино-Скоп 2014“. Винскиот фестивал годинава ќе трае до недела, 28 септември, а ќе бидат понудени над 40 врвни вина, вкусна храна и добра музика. За да дојдете што поскоро до својот омилен штанд и да дегустирате од нивното вино, погледнете ја оваа мапа кој сигурно ќе ви помогне во тоа.
Организаторите најавија богата музичка програма со настапи на Хроматик поинт, битолчаните Фолтин, Тоа е тоа - бенд составен од музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар, Митан проект со Андријана Јаневска, Калевала, Чалгии, Браќата Тавитијан и проектот „Македонското срце чука во 7/8“, Дани Димитровска, младиот и перспективен рок бенд од Тетово ХХЛ, мајсторот на ноќните свирки Бени Шакири и Нон Стоп, Дарио, ска панк бендот Офчестра од Приштина, Само Тони и Две Жени – лудо кабаре шоу – кавер и комедија, Миле Кузмановски,…
Публиката ќе може да ужива и во изведбата на двојните победници на Гуча, Србија – Уска Кан оркестра, прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014, Маријан Мониќ – млада ѕвезда од хрватската естрада во придружба на гитаристот Кристијан Ковач, Куку Леле, Бета Хаус, Благица Павловска, актерот Тони Михајловски и Скандал састаф, како и ди-џеј Тина со тематски целодневни забави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа