ФОТО: НБА кошаркар ги шокираше сите со своите нови патики
Рон Артест, или Мета Ворлд Пис соопшти дека повторно ќе го смени името.
Имено, НБА кошаркарот сега ќе игра во Кина, во тимот Сичуан Блу Вејс, па поради тоа одлучил да го смени името во „The Panda's Friend“, односно Пријателот на Панда.
Покрај ова, тој има нови патики направени како инспирација од неговото ново име.
Како што пренесуваат дел од светските агенции, Артест изјавил:
-Пред почетокот на секој меч ќе носам вакви патики, бели или црни, а потоа ќе ги соблечам и ќе ги фрлам кон публиката. Оној кој ќе ги фати патиките тој ќе биде најдобриот пријател на Панда.
Кога е во прашање Рон Артест, ништо не е невообичаено и чудно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа