Вино, вкусна храна и добра музика - од утре ќе се журкаме на „Вино-Скоп"

 

 

Повеќе од 40 врвни вина, вкусна храна и добра музика ќе бидат дел од осмиот Вино-Скоп што ќе започне утре и ќе трае до 28 септември на плоштадот Карпошово востание во Скопје.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска на прес-конференција ги повика граѓаните да дојдат и да ги пробаат македонските вина кои ќе бидат понудени со вкусната храна, како и да уживаат во добрата музика.

- Нашата цел е да се промовира македонското вино, со оглед на тоа што Македонија има добра географска положба и голема традиција на производство на вино, истакна Трајановски.

Тој упати апел до граѓаните да го користат градскиот превоз, како и такси превозот за да можат, како што рече, оние кои малку повеќе ќе дегустираат од вината безбедно да се вратат дома.

Организаторите на Вино-Скоп најавија богата музичка програма со настапи на Хроматик поинт, битолчаните Фолтин, Тоа е тоа - бенд составен од музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар, Митан проект со Андријана Јаневска, Калевала, Чалгии, Браќата Тавитијан и проектот „Македонското срце чука во 7/8“, Дани Димитровска, младиот и перспективен рок бенд од Тетово ХХЛ, мајсторот на ноќните свирки Бени Шакири и Нон Стоп,  Дарио, ска панк бендот Офчестра од Приштина, Само Тони и Две Жени - лудо кабаре шоу - кавер и комедија, Миле Кузмановски,...

Публиката ќе може да ужива и во изведбата на двојните победници на Гуча, Србија - Уска Кан оркестра, прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014, Маријан Мониќ - млада ѕвезда од хрватската естрада во придружба на гитаристот Кристијан Ковач, Куку Леле, Бета Хаус, Благица Павловска, актерот Тони Михајловски и Скандал састаф, како и ди-џеј Тина со тематски целодневни забави.

23.09.2014 - 11:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега