Валенсија поблиску до Барселона
На последниот натпревар од 4.коло од Примера фудбалерите на Валенсија синоќа ја постигнаа третата победа и се на втората позиција на табелата веднаш зад лидерот Барселона. Валенсија победи на гостувањето кај Хетафе со 3:0.
Пако Алкасер шпанскиот репрезентативец го донесе водството во 7.минута. На 2:0 зголеми Андре Гомес во 20.та минута, додека конечните 3:0 ги постави Родриго во 72.минута од пенал.
Истиот фудбалер веќе во следната минута доби втор жолт картон што значеше исклучување, но домашната екипа не ја искористи предноста од играч повеќе да постигне барем почесен гол.
Хетафе по третиот пораз остана со три бодови на 16.место на табелата.
На чело на табелата е Барселона со 12 бода, пред Валенсија и Севиља кои имаат по 10.
Натпреварите од 5.коло во Примера се играат од денеска до четврток.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа