Пијани дивееле на улиците - хаос во Скопје

 

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 32 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 70 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 95 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи работилница во основното училишта „Кузман Јосифовски Питу“ на подрачјето на општина Кисела Вода, како и во детската градинка „13 Ноември“ кое се наоѓа на територијата на општина Центар.

Денеска во времето од 9 до 13 часот на крстосниците од ул. „Пролет“ со ул. „11 Октомври“, бул. „Кочо Рацин“ со ул. „11 Октомври“, бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ со ул. „Беласица“ ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност во патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници. 

22.09.2014 - 11:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега