Хаос во Скопје - што се случувало викендов на улиците?

 

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 31 сообраќајна незгода.

Во петокот извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и девет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 14 лица.

Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди во 14 часот и 20 минути на крстосницата на бул. „Кочо Рацин“ со ул. „11 Октомври“  во која учествувале мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје, товарно моторно возило „фиат“ и патничко моторно возило „мицубиши“ и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Во сабота извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден велосипедист, а случени се и две незгоди со последица тешки телесни повреди. Првата се случила во 17 часот и 20 минути на крстосницата од ул. „Борис Серафов“ и ул. „Атанас Климовски“ помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски таблички и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле еден возач и двајца сопатници.

Втората незгода се случила во 23 часот и 10 минути на бул. „Илинден“ помеѓу две патнички моторни возила „голф“ и „цитроен“ и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници, а еден возач со телесни повреди.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во неделата извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на трицикл.

 

22.09.2014 - 09:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега