Фановите на Ајакс: Ибрахимовиќ е нашиот „божји син“

 

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Златан Ибрахимовиќ, беше одлично пречекан од страна на фановивете на Ајакс од Амстердам порачувајќи му дека е „божјиот син“.

Меѓусебниот дуел со кој двата клуба тргнаа во Лигата на шампионите беше интересен, тимовите ремизираа со 1:1, а го одбележа токму шведскиот фудбалски репрезентативец, кој се прослави во Холандија.

На теренот на Амстердам славниот Ибра истакна оти е мајстор, освојувајќи две шампионски титули, како и наслови во холандскиот куп и националниот Суперкуп.

Медиумите тврдат дека колегите на Ибрахимовиќ се шегувале оти комплиментот бил за Бразилецот Максвел или за Холанѓанецот Грегориј ван дер Вила, затоа што и тие настапуваа за клубот Ајакс.

Разбирливо оти беше за мојот придонес. Одлично е што настапив овде, беше интересно, како и да е мора да победуваме против најдобрите“, вели Швеѓанецот.

Во следната рунда од натпреварувањето парижаните во Градот на светлината ќе го вгостат тимот од „Ноу Камп“.

 

 

 

 

20.09.2014 - 13:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега