Евертон ќе гради арена

 

Англискиот фудбалски клуб Евертон се договори со инвеститорите и со властите за дозвола за градба на арена. 

Тимот од „Гудисон“ се обидува да ги подобри условите за остварување успеси, како и за навивачите од градот на Битлси.

„Среќен сум, со ова ќе може да се радуваме на модерен дом, кој го заслужуваме“, вели првиот човек на Евертон, Бил Керјет.

Составот и властите од градот истакнуваат оти местото Ворхол хол ќе биде локацијата за модерниот дом на Евертон.

Клубот на „Гудисон“ е од 1892-та година, каде што вгостува 42 илјади верни навивачи.

Како и да е, фановите порачуваат дека тимот заслужува да го бодри побројна и пред се публика во најдобар амбиент.

 

 

 

20.09.2014 - 13:24


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега