Јотовски ќе одигра два меча во Ниш

 

 

Денес македонскиот тенисер Томислав Јотовски ќе одигра два меча на фјучрс турнирот во Ниш. Најпрвин во 10 часот е закажан дуелот со вториот носител Ласло Ѓере од Србија во поединечна конкуренција. Претходната недела Јотовски беше финалист на турнирот во Суботица. Воедно на истиот турнир во игра на двојки заедно со колегата од репрезентацијата на Македонија, Димитар Грабул ќе настап во финалето. Противници им се вторите носители браќата Иван и Матеј Шабанов од Хрватска.

 

19.09.2014 - 09:10


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега