Се реконструира фекална и атмосферска канализација во Чаир
Во општина Чаир, денеска отпочнаа градежните работи за реконструкција на постоечката фекална канализациона мрежа по дел од улицата Места и изведба на атмосферска канализациона мрежа по дел од улицата Стојна Стевкова.
Почетокот на градежните работи ги означи Директорот Бојан Василевски.
Со реконструкцијата на постоечката фекална канализациона мрежа по дел од улицата Места ќе се заменат постоечките цевки кои беа со профил 250 милиметри со нови поголеми цевки со профил ND 300 милиметри, во должина од 86 метри.
Изведувач на градежните работи е фирмата Енергомонт. Вредноста на инвестицијата изнесува 649.893.26 денари. Рокот за изведба на градежните работи изнесува 45 работни денови.
Реализацијата на истата ќе значи обезбедување на услови за непречено одведување на санитарните фекални отпадни води од постоечките објекти односно корисници бидејќи профилот на постоечката фекална канализација не одговараше на техничките стандарди и потреби на самите корисници.
На улицата Стојна Стевкова ќе бидат вградени полипропилен цевки со профил ND 500 милиметри, во должина од 201 метри. Изведувач на градежните работи е фирмата Енергомонт. Вредноста на инвестицијата изнесува 3.134.176 денари. Рокот за изведување на градежните работи изнесува 50 работни денови.
Со изведувањето на истата ќе се обезбедат услови за непречено одведување на атмосферските води до постоечкиот колектор Ф-1500 милиметри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа