Кој се плаши од потенцијалот на Вардар во ФФМ?
Од таборот на македонскиот најтрофеен клуб испратија соопштение со кое реагираат на неколку одлуки донесени од страна на ФФМ, а како што велат тие, му штетат на нивниот тим.
„Во Ф.К. Вардар се случува една убава за македонски услови приказна. Финансиски стабилен клуб, со своја инфраструктура, со состав кој ќе претендира на освојување на двојната круна, со цел и амбиција во наредните години и за пласман во некоја од групните фази на натпреварувањата од УЕФА.
Работат многу луѓе на остварување на овој проект, имаме армија на подржувачи, сите ние прашуваме: на кој му смета, кој се плаши од потенцијалот на Вардар во ФФМ, каков е тој комплекс да се зодаде гигант за македонски услови.
Ф.К. Вардар на минатите прес-конференции презентираше јасен став дека ќе реагира на секоја неправилна постапка, одлука, казна кон клубот, се што е тенденциозно и покриено со факти против интересите на Ф.К. Вардар.
Минаа 7 кола во ПМФЛ, а на Вардар „ случајно“ му судат судии на шест натпревари само од Охрид. Само за потсетување во минатата сезона од 13 натпревари, половината ги судеше г-дин Мечкаровски, изгледа некои судии се предодредени да бидат делители на правдата на натпреварите на Вардар или пак “привилегирани “. Во оваа сезона од 7 натпревари на шест од нив делителите на правдата беа од Охрид. Еден од минатосезонските натпревари на кој Вардар најостро реагираше а делител на правдата беше г-дин Ставрев нашиот најдобар интернационален судија. За тој натпревар г-дин Ставрев доби негативна оценка од комисијата на ФФМ. Во оваа сезона во првиот натпревар против истиот противник повторно истиот судија – случајно или пак тенденциозно... Доколку е поставен Ставрев да му суди на Вардар, бараме фер и коректно судење, не како во минатата сезона каде Ставрев беше централна фигура на натпреварот, не додели очигледен црвен картон, не досуди пенал во корист на Вардар и директно влијаеше на крајниот реултатот. Дали е случајно да Ставрев ни суди на првиот дерби натпревар во минатата сезона, каде Вардар беше оштетен, за што доби и негативна оцена од ФФМ , сега по пауза од неколку месеци, истиот тој судија повторно му суди меч на Вардар и тоа против исиот противник.
Се поставува прашањето дали овие одлуки за делегирање на судии се носат свесно од страна на претседателот на федерацијата или пак имаме недостиг на квалификуван кадар за делење на правдата во мак. Фудбалот. Можеби е време менаџментот на федерацијата да се запраша дали има можност да организира регуларно првенство, со еднакви критериуми кон сите, исполнување на инфраструктурните стандарди, да создаде едноставно услови за натпреварувње како што доликуват во ПМФЛ.
Дали постои некој кој може да ги стопира ФФМ во своите намери, дали нивните одлуки кои се на штета на клубовите има кој да ги ревидира и да им застане на патот кој води кон уништување на фудбалот, во нивниот начин на работење фудбалската игра е последното со кое тие се занимваат, сите фудбалски работници знаат дека учествуваме во првенство во кое се знаат многу работи однапред.
Помина речиси еден месец од инцидентот во Битола, Вардар веднаш излезе со реакција и побара одговорност од ФФМ за дозволенитте пропусти во организацијата и несоодветните инфраструктурни услови за натпревар од ПМФЛ. Од тие причини ние како клуб дадовме јасен и конкретен предлог кој ќе оди во прилог кон безбедноста на натпреваарите, до сега не добивме никаков одговор. Повторно наместо работа и реализација на проекти за подобрување на условите за фудбал ние добивме само една трибина на која ФФМ се обиде да се задскрие зад МВР како решение на сите проблеми.
Гледаме и реклами од федерација како да е приватна фирма која сега го развива бизнисот. Зграда изградена со пари од УЕФА, опрема купена со истите пари, терени од тие средства, што е и обврска на федерацијата и се подразбира дека треба да се спроведе. Што станува со самоиницијативни проекти од сопствен буџет ,кои ѓе го олеснат функционирањето на клубовите во целина, а не само на одредени миленици“.
Интегрален текст од соопштението на ФК Вардар
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа