Робињо се враќа во бразилската репрезентација
Селекторот на Бразил Дунга, упати повик до Робињо за настап на пријателските натпревари следниот месец со Аргентина и Јапонија.
Робињо е фудбалер на Милан, а настапува во Сантос како позајмен играч. Последен пат за неговата национална селекција играше минатата година на пријателски натпревар со Чиле.
Поранешниот селектор на „Кариоките“ Луис Фелипе Сколари не го зема Дунга во репрезентацијата која настапуваше на Мундијалот пред три месеци.
Можност да докаже дека неоправдано бил изоставен Робињо ќе има во Пекинг на 11 октомври за кога е закажана средбата Бразил - Аргентина. Три дена подоцна Бразилците во Сингапур ќе играат контролен натпревар со Јапонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа