Марибор на Ибраими одигра нерешено, Баерн го доби дербито на вечерта
Синоќа во фудбалската Лига на шампиони се комплетираше 1.коло кое го одбележа дуелот на англискиот и германскиот шампион на кој победа оствари Баерн Минхен. Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими кој настапуваше за својата екипа, се спаси од пораз со гол во судиското надополнување. Ибраими го одигра целиот натпревар против Спортинг од Лисабон. Во стартната рудна од елитното натпреварување, најубедлив триумф со шест голови забележа Порто.
Резултати на натпреварите од Лигата на шампионите одиграни синоќа:
Е група: Баерн Минхен - Манчестер Сити 1:0 и Рома - ЦСКА Москва 5:1.
Ф група: Ајакс - ПСЖ 1:1 и Барселона - АПОЕЛ 1:0.
Г група: Челзи - Шалке 1:1 и Марибор - Спортинг 1:1.
Х група: Атлетик Билбао - Шахтјор 0:0 и Порто - Бате Борисов 6:0.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа