Продолжува дијалогот Белград-Приштина

 

Денеска ќе почне нова дводневна рунда преговори во Брисел меѓу Белград и Приштина за имплементација на спогодбата за нормализирање на односите.

Главни теми за кои ќе се разговара ќе бидат полицијата, правосудството, електричната енергија и телекомуникациите.

Белградската делегација ја предводат советникот на претседателот на Србија, Марко Ѓуриќ и координаторот на одборот за имплементација Александар Вулин, додека на другата страна на масата ќе седнат потпретседателите на косовската Влада Едита Тахири и Хајредин Кучи со присуство на функционери и експерти за одредени области.

 

 

најчитано сега