Познат фудбалер болен од рак

 

Фудбалерот  Џонас Гуриерез откри дека му е дијагностициран канцер на тестисите и дека заминува на хемотерапија во Аргентина.  Гутиерез истакнал дека на хемотерапија оди по операцијата извршена откако му била откриена болеста, која била дијагностицирана по прегледите извршени кон крајот на минатата година. 

- -Кога ми е соопштено дека имам рак, заминав дома во солзи. Во мај 2013-та година почувствував силни болки во тестисите. По погрешните дијагнози, на еден преглед со ултразвук беше откриен тумор. Дојдов тука и ги превземав сите трошоци, иако имам важечки договор со Њукасл. Парите не се важни, најважно е моето здравје, едноставно морам да почнам со хемотерапија, вели Гутиерез.

17.09.2014 - 12:12


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега