Полицијата демне - пајакот направи парче

 

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 32 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 65 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 21 возач се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шест возачи не отстапиле првенство на минување на обележан пешачки премин, 18 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 73 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 58 возачи на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

15.09.2014 - 14:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега