Крвав викенд - 27 сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 27 сообраќајни незгоди. Во петокот, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица и тоа еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден велосипедист.
Во саботата извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, седум е со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет возачи на патничко моторно возило, еден пешак и двајца сопатници. Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 15 часот и 50 минути на крстосницата на автопатот Скопје – Тетово во која учествувале две патнички моторни возила „ауди“ и „БМВ“ со гостиварски регистарски таблички, управувани од граѓани на Гостивар. Од незгодата две лица се здобиле со повреди, едното со потешки, а другото со полесни телесни повреди.
Во неделата извршен е увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден пешак.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе започне со превентивни активности, односно реализација на едукативни предавања на учениците од второ и четврто одделение во основното училишта „11 Октомври“ на подрачјето на општина Центар.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа