Дождот и ветрот направија хаос - Градот Скопје се справува со последиците
По невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што го зафати Скопје, екипите на Градот Скопје, на јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и на Противпожарната бригада веднаш излегоа на терен и ги санираат штетите.
Обилните врнежи на дожд ги поплавија подзвозникот кај стоковната куќа „Мост“,на подвозникот на улицата Павел Шатев, во делови од општината Кисела Вода, на подвозникот на булеварот Киро Глигоров. Во моментов екипите на јавните претпријатија интервенираат на овие локации и истите ќе бидат проодни до 19:00 часот.
До Градскиот штаб за заштита и спасување пристигнаа и поголем број на повици за паднати гранки и дрва, пред се во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба и екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на терен за нивно отстранување.
Градскиот штаб за заштита и спасување во соработка со јавните градски претпријатија ја следат состојбата на терен и ќе интервенираат на сите локации каде што ќе има потреба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа