Вино вкусна храна и музика - еве кој ќе не забавува на „Вино-Скоп 2014"
Врвни вина, вкусна храна, апетисани и музика која ќе ги задоволи и најистенчените вкусови, најавуваат организаторите на годинашниот Вино-Скоп што ќе се одржува од 24 до 28 септември на плоштадот Карпошово востание во Скопје.
Браќата Тавитијан и проектот „Македонското срце чука во 7/8“, битолчаните Фолтин, Тоа е тоа – бенд составен од музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар, Митан проџект со Андријана Јаневска, Калевала, Чалгии, Хроматик поинт – Етно Метал бенд, Дани Димитровска, младиот, перспективен рок бенд од Тетово ХХЛ, мајсторот на ноќните свирки Бени Шакири и Нон Стоп, Дарио, ска панк бендот Офчестра од Приштина, Само Тони и Две Жени - лудо кабаре шоу - кавер и комедија, Миле Кузмановски,... се некои од естрадните уметници што ќе настапат на фестивалот.
Публиката ќе може да ужива и во изведбата на двократните победници на Гуча, Србија - Уска Кан оркестра, прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014, Маријан Мониќ - млада ѕвезда од хрватската естрада пратен од гитаристот Кристијан Ковач, Куку Леле, Бета Хаус, Благица Павловска, актерот Тони Михајловски и Скандал Састаф, како и Ди-џејот Тина со тематски целодневни забави.
Вино Скоп и оваа година, 8-ми пат, ќе ја одбележи есента во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа