Одиграни натпревари во три групи од квалификациите за ЕУРО 2016
Вкупно девет натпревари беа одиграни синоќа од 1.коло од квалификациите за Еуро 2016 што ќе се одржи во Франција. Важна победа во борба за првото место против директниот конкурент во групата постигна Англија совладувајќи ја Швајцарија на гости со 2:0, со двата гола на Дени Велбек.
Преглед на резултатите на синоќа одиграните натпревари:
Ц група: Шпанија – Македонија 5:1, Украина – Словачка 0:1, Луксембург – Белорусија 1:1.
Е група: Естонија – Словенија 1:0, Сан Марино – Литванија 0:2, Швајцарија – Англија 0:2.
Г група: Русија – Лихтенштајн 4:0, Австрија – Шведска 1:1 и Црна Гора – Молдавија 2:0.
Вечерва се играат натпреварите од преостанатите групи, а двојките се: Казахстан – Летонија, Чешка – Холандија, Исланд – Турција (А група), Андора – Велс, Босна и Херцеговина – Кипар, Израел – Белгија (Б група), Азербејџан – Бугарија, Хрватска – Малта и Норвешка – Италија (Х група).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа