Магазинот „Сан“ откри скандал: Фалкао ги лажирал годините?!

 

Британскиот таблоид „Сан“ пренесува неверојатно тврдење поврзано со новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед Радамел Фалкао и поставува прашање дали колумбискиот напаѓач е постар две години отколку што се претставува.

Фалкао официјално има 28 години, а споменатиот извор тврди дека „Тигарот“ има 30 години. „Сан“ своите тврдења ги базира на пронајдена документација уште од школските денови на Фалкао. Колумбиецот по официјалните документи е роден на 10 февруари 1986 година.

-Школската документација на Радамел Фалкао сведочи за неговото раѓање на 10 февруари 1984. Документацијата до која дојдовме, заедно со фотографија, ја прикажува регистрацијата на Радамел Фалкао во основно училиште во Сантандер. Доколку челните лици на Јунајтед дојдоа до истите податоци, би можело да биде појасно тоа поради што го донесоа на едногодишна позајмица, која вреди 16 милиони фунти.“, пишува „Сан“.

08.09.2014 - 11:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега