Честитка од САД за Денот на независноста на Македонија
Соединетите Американски Држави и го честитаат на Република Македонија Денот на независноста - 8 Септември.
- Им честитаме на сите граѓани на Македонија за сите постигнувања од независноста наваму. Ние се залагаме да работиме заедно кон демократска, безбедна и просперитетна иднина, наведува државниот секретар Џон Кери во честитката испратена во име на претседателот Барак Обама и американскиот народ.
Разновидноста на населението во Македонија, стои во честитката, е извор на сила, која продолжува да нуди идеи, енергија и мотивација и ја движи Македонија и целиот регион напред.
- Горди сме што во изминатите 23 години Соединетите Држави го поддржуваат развојот и транзицијата на Македонија. Остануваме посветени да и помогнеме на Македонија да го зајакне владеењето на правото, да промовира слобода на медиумите и да изгради силни демократски темели на едно инклузивно, мултиетничко општество, ја пренесува во соопштение честитката Американската амбасада во Скопје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа