ФОТО: Бојан десет пати ја избодел сопругата со која има две деца во градите - Страшен злочин ја потресе Србија

 

Тешко убиство ги потресе Србија и регионот кога маж до смрт ја избоде својата поранешна сопруга со која има две деца. 

Стравичното убиство се случило кога Бојан Р. брутално ја усмртил својата поранешна сопруга која имала 41. година, во Крагујевац, нанесувајќи и повеќе од десет убодни рани во пределот на градниот кош. 

Како што пишува српски Блиц, според неофицијални податоци, тој со жртвата има две деца, син и ќерка кои се седмо и трето одделение.

Телото на жртвата е пронајдено покрај една нива, до која имало и автомобил, а засега сеуште не е утврдено во чија сопственост е возилото.

Блиц пишува дека недалеку од возилото е пронајден и Бојан со повеќе убодни рани на себе, па сомнежите се дека после крвавиот чин, пробал да си го одземе животот, но не успеал. Имено, пронајден е со зариен нож во вратот, но повредите не биле смртоносни. Тој се наоѓа на реанимација.

Жената чиј идентитет уште не е откриен, неколку пати го пријавувала Бојан Р. за насилство. Тој ја следел и и праќал заканувачки пораки. 

Осудуван е и за повеќе кривични дела.

Се очекуваат повеќе детали за хоророт.

13.05.2025 - 08:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега