„Слободна зона“ - музички фестивал во Ново Лисиче
Под мостот „Близнак“ на кејот на Вардар во скопско Ново Лисиче вечер од 20 часот ќе почне музичкиот фестивал „Слободна зона“. Посетителите ќе се забавуваат со хип-хоп, рок и денс музика.
На фестивалот ќе настапат бендот Фјучр Инк, Марко Логаут, Диџеј Че, Диџеј Ник Капа и Бора Чорба.
Покровител на музичкиот фестивал, кој се одржува вторпат, е општина Аеродром.
07.09.2014 - 14:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа