Ракометарите на Вардар пресилни за Металург

 

Во дерби натпреварот од СЕХА лигата одигран синоќа меѓу шампионот на СЕХА лигата Вардар и македонскиот првак Металург, победа од 27:21 оствари Вардар.

Во текот на целиот натпревар „црвено-црните“ имаа предност пред се благодарение на одличниот почеток кога во 18.минута водеа со 9:1. До крајот на првиот дел Металург намали дел од предноста на противникот (13:6), а во 50.минута успеа да дојде и на еден негатива (18:17 за Вардар). Сепак, ракометарите на Металург немаа сили за целосен пресврт.

Во редовите на Вардар најефикасен беше Сергеј Горбок со 9 голови, додека кај Металург Дејан Манасков постигна 6. Во двата тима отсуствуваа по неколку играчи Стојанче Стоилов, Блаженко Лацковиќ кај Вардар и Ванчо Димовски, Дарко Станиќ и Ренато Вугринец кај Металург.

На синоќа одиграниот натпревар Нексе – ППД Загреб 19:35.
На чело на табелата е унгарски Веспрем со максимални 9 бодови, Вардар има 6, а Металург е во групата на екипи со 3 бодови

07.09.2014 - 12:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега