Вардарци очекуваат одбрана на титулата во СЕХА лигата
Македонските претставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар и Металург в сабота ќе го одиграат првиот меѓусебен натпревар оваа календарска година во оваа лига.
Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес смета дека овој натпревар против Металург е важен за нив бидејќи, како што кажа, сакаат да ја одбранат титулата во СЕХА лигата.
- Ова е важен натпревар за нас бидејќи целта ни е да ја одбраниме титулата во СЕХА лигата. Треба да се пласираме во „фајнал фор“ а за такво нешто треба да ги победиме екипите како што е Металург кој е еден од ривалите за освојување на титулата, истакна Гонзалес на денешната прес-конференција.
Додаде дека најважно за Вардар е Лигата на шампионите каде што почетокот е многу важен и треба да се освојуваат бодови на сите натпревари.
За капитенот Филип Лазаров овој натпревар е важен и за двете екипи и ќе биде подготовка за Лигата на шапиони, а натпреварите во СЕХА лигата ќе се искористат за подобро воигрување и проверка на физичката подготвеност.
- Во сабота играме на домашен терен. Сметам дека оваа сезона сме поквалитетни од минатата со засилувањата кои имаат големо искуство како што се освојувње на Лигата на шампиони и на медали на европските и светски првенства. Според мене, на домашен терен можеме да се прогласиме за фаворити против било која екипа од Европа па и против Металург која е исклучително квалитетна, истакна Лазаров
Натпреварот Вардар - Металург е од 2.коло на СЕХА, а почетокот на дуелот во СЦ „Кале“ е во 20 часот и 15 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа