Толку беше: Се затвора скопскиот Аква Парк

 

Со завршувањето на летната сезона, менаџментот на спортскиот центар Борис Трајковски, одлучи да ја заокружи и втората сезона од работењето на Градскиот Аква Парк кој е во склоп на овој објект. Иако, сеуште нов, овој аквапарк е добро познат на сите граѓани од Македонија, но и од околните држави, кои некогаш доаѓаат во Скопје, само поради забавата која им се нуди на оваа локација. На површина од 12 000 м2 овој  аква парк содржи 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош.

„Втората година во Градскиот Аква Парк помина и подобро од она што очекувавме. Иако, реално, летото не беше баш со високи температури и вистински жешки денови, сепак, граѓаните ја одбраа оваа локација. Со самото отварање на единствениот аквапарк во градов, Скопјани освен што добија нова забава, имаа можност и да ги уживаат содржините кои се во склоп на овој објект. Сезоната ја започнавме во месец јуни и до денес имавме повеќе од 30 000 посетители. Бројка, која ја покажува актуелноста на оваа летна локација која им е омилена на сите генерации“ – изјави директорот на СЦ Борис Трајковски, г-дин Златко Перински

 

За наредната сезона се најавуваат нови интересни содржини кои ќе ја зголемат понудата на оваа летна локација, а до тогаш на сите ќе им бидат достапни останатите услуги од СЦ Борис Трајковски кои можат да ги користат во текот на целата година.

04.09.2014 - 11:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега