Макстил: До крајот на октомври ќе ве труеме со 30% од можностите
„Макстил“ очекува целосно да ги заокружи активностите за заштита на животната средина во договорените рокови. На компанијата и беше проголонгиран рокот за реализација на оперативниот систем до 31 октомври 2014 година.
Од компанијата информираат дека сите активности за реализирање на новата филтерска постројка во погонот Челичарница се одвиваат според однапред предвидената динамика.
Посочуваат дека со ставањето во функција на оваа постројка, во целост ќе бидат исполнети најстрогите европски норми за емисии во воздух.
Според договорот со надлежните институции, производните активности по целата технолошка линија во текот на реализацијата на проектните активности се редуцирани на ниво од 30 проценти од инсталираните капацитетни можности, што значи дека и степенот на емисиите до конечното завршување на проектот ќе биде во значителна мерка ограничен.
Носител на проектот е италијанската компанија СТГ, специјализирана за проектирање и изведба на вакви системи. Градежните работи ги изведува домашната градежна фирма „Бетон“, а изработката на челичните конструкции, на цевководниот систем и поголем дел од останатата опрема, заедно со комплетната монтажа, ги работи исто така домашната компанија „Факом“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа