Забрана за пиење вода во четири јавни чешми на Водно
Со решение од Агенцијата за храна и ветеринарство се забранува употреба на водата за пиење од јавните чешми кај Жичарницата – Средно Водно, од преливната цевка на Средно Водно, под црквата Свети Јован – Капиштец и чешмата во дворот на шумската куќа на Средно Водно.
- По лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека водата не одговара на правилникот за безбедност поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на Escherihia Coli, се наведува во денешното соопштение о општина Центар.
Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата, а од општина Центар напоменуваат дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП „Водовод“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа