ВНИМАВАЈТЕ: Опасна бактерија во јавните чешми во скопски Центар

 

Агенцијата за храна и ветеринарство изготви анализа и донесе решение за забрана за употреба на водата за пиење од општина Центар, јавува Здравство24, повикуваќи се на официјални инфорации од општината.

Јавна чешма – Жичара – Средно Водно;

Јавна чешма – преливна цевка – Средно Водно;

Јавна чешма – под Свети Јован – Капиштец и

чешма – двор – шумска куќа – Средно Водно.

Во водата по лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на Escherihia Coli.

Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата.

 

Општина Центар напоменува дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП “Водовод“.

03.09.2014 - 10:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега