Екипи на Град Скопје на терен - врнежите не престануваат

 

Екипите на Град Скопје и на јавните градски претпријатија веднаш по невремето со обилни врнежи од дожд што попладнево го зафати Скопје излегоа на терен каде работат на санирање на последиците.

Од обилните врнежи на дожд беа блокирани поголем број на сообраќајници и подвозници меѓу кои и подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ под стоковната куќа Мост, булеварот „Киро Глигоров“ и подвозниците на булевар „Србија“, на улица „Боца Иванова“ и кај улицата „Павел Шатев“. Екипите на Градот Скопје и јавните градски претпријатија интервенираа веднаш и за помалку од еден час сите сообраќајници беа расчистени и проодни, освен подвозникот на булевар „Србија“ каде се работи во моментов на отпушување на атмосферскиот колектор и набрзо треба да биде прооден.

Од Градот велат дека Градскиот штаб за заштита и спасување во соработка со јавните градски претпријатија ја следат состојбата на терен и интервенираат на сите локации каде што има потреба

02.09.2014 - 21:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега