ВИДЕО: Кој кого удри - најдоброто видео од вчерашниот инцидент на Вардар - Металург
Вардар Про е нов ракометен шампион на Македонија откако во последното коло го совлада големиот ривал Металург со 22-19. Средбата одиграна во преполната сала во СРЦ Кале мина во знакот на Вардар Про кој уште од стартот обезбеди висока предност од 5 голови (13-8) која се покажа како недостижна за тимот на Лино Червар. Мечот мина под голем притисок и непотребна нервоза по што се случи инцидент во финишот од првиот дел по што на трибините беа испратени тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ и Абутовиќ како и носителот на играта на Металург , Филип Миркуловски. Еве што забележа нашата камера: