Судење Груевски-Заев: Адвокатите на СДСМ го повикаа - сведочеше против нив

 

Јовица Стефановиќ – Нини, сведокот на СДСМ, на денешното изведување на докази во врска со тужбата за клевета на Никола Груевски против Зоран Заев, изјави дека не го познава Груевски и дека немало криминал во приватизацијата на „Македонска банка".

Нини, кој беше сведок од страна на Заев и СДСМ, јавно призна дека нема вистина во обвинувањата од страна на најголемата опозициска партија и сведочеше против тврдењата на Зоран Заев.

"Бев непријатно изненаден кога ме повикаа да сведочам. Не се познавам ни со Груевски ни со Заев. Со премиерот се немам видено никогаш во живот. Ниту за македонска банка сум имал разговор со него, а и немав потреба за тоа бидејќи акциите беа продадени на берза и можеше да ги купи кој сака. Си имам брокери кој го работат тоа. Продавачот јас не го познавам. Јас незнам кој бил сопственик на акциите ниту сум можел тоа да знам" вели Нини.

Со ова, сведокот кој беше предложен од Заев, сведочеше во корист на премиерот Груевски. Откако Стефановиќ изјави дека немало поткуп во случајот Македонска Банка и со тоа ја урна позицијата  на Социјалдемократите на површина излезе проблемот со шпекулативните потези на опозицијата кои овој пат се разрешуваат на суд.

Според експертите, секое непоткрепено и несериозно обвинување од страна на политичка партија кое има за цел да донесе краткорочни поени пред избори има голема опасност да предизвика долгорочни последици по имиџот на партијата што го пласира.

01.09.2014 - 22:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега