Лоши вести - еве какво време не очекува деновиве
Управата за хидрометеоролошки работи за попладневните и ноќните часови најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, изолирана појава на град, а се очекува да наврнат и поголеми количини воден талог над 30 литри на метар квадратен.
Утре во текот на целиот ден ќе се задржи облачно, свежо и врнежливо време, со ретки грмежи и умерен југоисточен ветер, а на места повторно ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог. Температурата ќе се движи од 20 до 25 степени.
Променливото облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет и со локални грмежи ќе се задржи до крајот на неделата.
Во случај на појава на електрични празнења УХМР препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа