Неверојатно: Четири пати во животот се вратила од клиничка смрт
Срцето на 36 - годишната Марина Коњикушиќ Дивиќ четири пати престанало да чука поради што таа четири пати доживеала клиничка смрт. Првиот пат тоа и се случило кога имала 17 години, а четвртиот пат пред неколку години.
Нејзините проблеми започнале кога имала 13 години. Често ја губела свеста, а лекарите констатирале епилепсија, од која ја лечеле полни 13 години, се додека во Сремска Каменица во 2002 година не сфатиле дека станува збор за пореметување на срцевиот ритам, таканаречен продолжен „QT“интервал. Поради тоа на Марина во Берлин и е вграден дефибрилатор кој практично ја одржува во живот.
- Лекарите сметаа дека бременоста ќе ми го загрози животот, но не сакав да ги слушам и да отстапам, такашто пред осум години го родив Марко и набрзо потоа доживеав уште една клиничка смрт, вели Марина.
- Милион пати сакав да „кренам раце“ и да си кажам себе си дека не можам веќе да се борам, но тогаш ќе погледнеш кого оставаш, кој се те сака и кому ќе му недостигаш. Најлесно е да се предадеш.
Експертите од Клиничкиот центар ја повикале Марина да гостува на конгресите за да зборува за своите искуства, а нејзините планови се да основа фондација која ќе им помогне на луѓето особено на децата со слични проблеми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа