Вистиснката љубов постои а тие се доказ за тоа: Брачен пар прослави 80 години брак
Брачниот пар Хелен и Морис Кај од гратчето Борнмут, во јужна Англија, прославија вчера 80-години поминати во брак и велат дека тајната на нивниот долг брачен живот лежи во добрината, љубовта и толеранцијата.
Хелен има 101, а Морис 102 години, а се венчале во Лондон на 27 август 1934 година.
Морис на својата љубена и се додворувал четири години, пред таа да се согласи да се омажи за него. Овој брак е склучен и покрај противењето на мајката на Хелен, која сметала дека нема да потрае.
Имаат четири деца, но едниот син им починал кога имал четири години. Хелен и Морис имат шест внуци.
29.08.2014 - 09:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа