На диета сте- ова мора да го знаете
Секоја девоја во летниот период сака да има совршено тело, па многумина се решиле да стават крај на вишокот на килограми, но сепак поентата на диетите не е да се остане послаб или болен туку да се направи зрав.
Како нашето тело ја сфаќа диетата:
1. Моменталната состојба
Лице со вишок на килограми има зголемен процент на масни наслаги.
2. Траење на диетата
Секоја диета има некои свои одредници, меѓутоа повеќето од нив се сведуваа на исфрлување на одредена група на намирници (најчесто јаглени хидрати) или гладување. На тој начин на нашето тело му скусуваме нутриенти (хранливи материи) и бидејќи гладуваме ја трошиме мускулната маса и го исфрлуваме вишокот на вода од организмот. Токму така се создава привиден резултат, помалку килограми на вагата, помал конфекциски број, но масното ткиво останува.
3. По диетата
Знаеме дека мускулната маса троши енергија (калории), за време на диетите ги намаливме и сега нема кој да ги троши калориите, телото ќе таложи уште повеќе маснотии. Кога на сето тоа ќе се додаде и враќањето на водата, доаѓа до познатиот Јо-Јо ефект. Секој кој некогаш бил на диета се уверил во ова!
Сега е јасно зошто некои диети можат да ни направат повеќе штета отколку корист. Покрај физичките последици, диетите често имаат и психички последици, бидејќи се јавува разочарување, страв од идни неуспеси, итн.
Ако навистина сакате трајни резултати, повеќе енергија и виталност, заборавете на диетите и избалансирајте ја исхраната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа