Марио Балотели откри зашто го одбрал бројот 45
Новиот фудбалер на Ливерпул Марио Балотели ја откри тајната зашто го носи дресот со број 45.
- Кога бев во Интер и имав само три-четири настапи требаше да одберам број меѓу 36 и 50, зашто тоа се дресовите што им се даваат на младинците. Тогаш се пошегував дека го сакам бројот 45, зашто 4+5= 9. Кога го зедов тој дрес постигнав гол на сите четири натпревари на кои играв. Овој број ми донесе среќа и затоа решив секогаш да играм со него - изјави Балотели.
26.08.2014 - 15:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа