Поучно: „Мамо зошто плачеш?“

 

Едно момче ја прашало својата мајка: “Зошто плачаеш?”

“Затоа што сум жена”. – одговорила таа.

“Не разбирам”. – рекло момчето.

Мајката само го прегрнала и рекла: “Никогаш и нема да разбереш”.

Подоцна го прашало својот татко: “Зошто мама плаче без причина?”

“Сите жени плачат без причина” – било единственото што таткото можел да му каже.

Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат. На крај го повикало Бог. Кога го добил, го прашал: “Боже зошто жените толку лесно се расплакуваат?”

Бог му одговорил: “Кога ја создавав жената мораше да биде посебна. И дадов раменици доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.

И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца.

И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.

И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на се, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.

И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.

И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.

И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче. Тоа е само нејзино на користење кога и да и затреба.

Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или начинот на кој се чешла. “Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што е љубовта.

Извор: попара

26.08.2014 - 14:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега